top of page

Елена Николовска: РЕК Битола може да продолжи со работа, но само со воведување нови технологии

Елена Николовска, програмски координатор за клима во „Еко свест” во интервју за Слободен печат дискутираше за предвиденото формирање на министерство за енергетика и рударство сметајќи дека тоа нема да значи ново отворање на рудници за јаглен.


Програмскиот кординатор за клима Елена Николовкса во врска со РЕК Битола, таа сметка дека термоелектраната може да остане во функција но, под услов да бидат опремени со нови технологии.


Елена Николовска


Елена Николовска изјави:


,,Ние можеме да правиме министерства какви сакаме и да ги нарекуваме како сакаме, но факт е дека ние имаме потпишано меѓународни договори, потпишавме Софиска Декларација, членки сме на Берлински процес каде исто така се залагаме за нула емисии на гасови до 2050 година. Ако се вратиме назад и ја отвориме идејата за нови рудници на јаглен и продолжување на користење на термоелектраните кои сега веќе се премногу застарени, со тоа повторно ќе одиме против здравјето на луѓето. Има многу добри проекти испланирано во Плански документ што владата го донесе во 2022 кој се вика Патоказ за праведна транзиција каде има проекти за етапно пренаменување на технологијата во РЕК Битола. Тоа значи РЕК да не се затвори, туку преку етапно преминување, луѓето остануваат да работат таму и постепено воведувње нови технологии се до затворање на последниот блок. Ние не сакаме илјадници луѓе да останат без работа“ посочи таа.

Николовска вели дека трансформацијата изнесува огромна сума, но истотака има и голема заинтересираност за финансирање на проектот.


„Имаше иницијална каписла од Климатскиот инвестициски фонд добивме почетни 85 милиони долари, други банки се заинтересирани дополнително да ги кредитираат тие проекти кои треба да го продолжат векот на РЕК Битола но и да го видоизменат и да не работи на јаглен и треба да го искористиме моментот“ заклучи Николовска.

За повеќе конкретни информации може да се погледне на видеозаписот.



Превземено од: Линк


Comentarios


bottom of page