top of page

Идните енергетски војни во светот ќе се водат под морето, Европа и Северна Америка би можеле да тргуваат со соларна енергија преку најголемиот подморски интерконектор во светот


Технологијата за складирање на обновлива енергија на долги периоди е сеуште не совладана во светот. Група од европски бизнисмени стремат да се изгради еден од најголемите подморски енергетски интерконектори во светот, поврзувајќи ги Европа и Северна Америка.



Станува збор за три пара високонапонски кабли односно 3.218 km (2.000mi) кабел низ дното на Атлантскиот океан за да го поврзат западниот дел на Обидинетото Кралство со источна Канада, а можеби и Њујорк со западна Франција според истакнатите извештаи.


,,Каблите Европа - САД може да испратат 6 GW енергија во двете насоки со брзина на светлината”  -рече Лоран Сегален

Лоран Сегален е основач на лондонската компанија за обновлива енергија Мегават-Х, кој исто така е дел од тимот за интерконекторот. Според Лоран Сегален тоа е еквивалентно на она што шест големи нуклеарни централи можат да го генерираат, пренесено во речиси реално време.


Кога сонцето ќе има голема ефикасност и заситување на потребите на Европските држави, во тој случај вишокот на енергија која ќе биде произведена од причини кои што неможе да се складира со оглед на условите, ќе биде дистрибуирана на Северна Америка, во два правци всушност тоа значи дека кога Европа ќе има потреба од енергија, САД ќе прави пренос на потребната енергија.


„Кога сонцето е во својот зенит, веројатно имаме повеќе моќ во Европа отколку што навистина можеме да ја искористиме.“ -рече Сајмон Лудлам

Сајмон Лудлам е основач и извршен директор на Etchea Energy и е еден од тимот кој го водат овој огромен проект.


Атлантскиот океан е толку длабок што интерконекторот наречен НАТО-Л треба да биде добро заштитен, може да се спушти до околу 3.35 km (11.000 стапки), многу пониско отколку што може да демнат подморниците. Но подморските кабли се најранливи кога се поставуваат поблиску до површината на водата, каде што може да бидат саботирани или оштетени.


Проектот за интерконекторот е во почетна фаза за реализација, се претпоставува за завршување на проектот во 2030 година. Потребни се значително големи инвестиции од неколку земји, се претпоставува за инвестиција од (39.8 милијарди евра) што е доволен буџет за изградба на една нуклеарна централа според Телеграф.


Има едноставност за поврзување на европските сојузници, од кои повеќето се дел од 27-члената Европска унија. Поврзувањето на Северна Америка и Европа ќе биде покомплицирано, политички.



Comments


bottom of page