top of page

Мицкоски најави нов ветерен парк за производство на електрична енергија помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш


Станува збор за голема странска инвестиција која, како што кажа Христијан Мицковски за состав на новата влада на првата панел-дискусија на Македонскиот енергетски форум, треба да овозможи производство на приближно еден терават-час електрична енергија, што е приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава


Мандатарот за состав на новата влада, Христијан Мицкоски, денеска како учесник на Седмиот по ред Македонски енергетски форум (МЕФ) најави нов ветерен парк за производство на електрична енергија меѓу Карбинци, Штип и Радовиш кој, како што рече, ќе биде една од првите странски инвестиции што ќе ги обезбеди новата влада.



Гилс Диксон и Христијан Мицковски


Во однос на ветерниот парк, тој рече дека станува збор за голема странска инвестиција која треба да овозможи производство на приближно еден терават-час електрична енергија, што е приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава.


„Очекуваме први странски директни инвестиции во земјата со новата влада со фокус на секторот енергетика, со инсталирање на нова ветерна фарма што ќе биде во источниот дел од земјата помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, три општини на истокот. Ќе биде голема инвестиција колку што сум информиран и со податоците со кои располагам во моментов се предвидува производство на електрична енергија од приближно еден терават-час, што е еден милион мегават часови, што е приближно 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава. И ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија“, - рече Мицковски на панелот.

Со изградба на овој ветерен парк Македонија би направила огромен чекор кон развој во делот на обновливите извори на енергија.

Но се поставува и главното прашање дали нашиот енергетски систем е спремен да го издржи овој товар?




Yorumlar


bottom of page