top of page

Седмо издание на Македонскиот Енергетски Форум (MEF2024)






Македонскиот Енергетски Форум годинава ќе биде реализиран во главниот град на нашата држава на 10.06.2024 година (понеделник) и 11.06.2024 година (вторник), во хотел DoubleTree by Hilton Skopje каде ќе се дискутира на актуелната тема ,,Пејзажот на Новата Енергија: Зајакнат, Обновен и Пренаменет” (“The New Energy Landscape: Recovered, Repowered, Repurposed”). Ќе бидат одржани голем број на дискусии на повеќе панели со панелисти од повеќе држави како: Р.Германија, Р.Белгија, САД, Р.Турција, Р.Црна Гора, Р.Албанија, Р.Грција, Р.Србија, Р.Косово и Р.Босна и Херцеговина. Овогодишниот настан е седмото издание на МЕФ каде еволуираат дискусиите за енергетиката.


Бидејки сè уште има многу голема дискусија за траекторијата на обновување на енергетиката и нејзиното темпо, се поставува прашањето како државите, приватниот сектор и граѓаните можат да ги обноват и пренаменат енергетските капацитети за ера во која геополитичките предизвици се постојани додека технолошките иновации сè уште не се доволно распоредени?

Така, на овој главен настан ќе се дискутираат и одговорат горенаведените прашања и наменет е за да обезбеди насока и свежи погледи за тоа како треба да се изгради една светла иднина со помош на обновливата енергија.

Повеќе детали во врска со овогодинешниот Македонски Енергетски Форум може да се најдат во агендата за Форумот, или на официјалната веб-страна.



Преземено од: https://mef.mk/

Comentários


bottom of page